дел од државната организација, чие основање и надлежност се утврдени со закон и може да донесува правно релевантни решенија во рамките на својата надлежност.
Што е воздушна територија?
Се распростира во рамките на воздушниот столб што почнува од надворешните граници на државата и во височина мисловно продолжува до бесконечност.
Што е квалификувано мнозинство?
Кога за донесување на одлуката е предвидено да присуствуваат и да гласаат најмалку 2/3 или 3/4 од вкупниот број членови на колективното тело
Што значи независност на јавната власт?
означува дека државната власт е слободна и независна во донесувањето на одлуките и никој однадвор нема право да се меша во внатрешните работи на државата
Што с еколективни органи?
Колективниот орган е орган што работи само со учество на поголем број луѓе (членови на тоа тело) и своите одлуки ги донесува колективно (колегијално).
Наброј начини на стекнување на државјснтво
со потекло, со раѓање, натурализација и меѓународни договори
Што се цивилни органи?
Цивилни или граѓански органи – се оние органи коишто не располагаат со средства за физичка принуда туку донесуваат разни акти.
Стекнување на државјанство со потекло
Според овој начин детето го добива државјанството на своите родители.
_______изучуваат конкретна држава и конкретно право. Карактеристично за овој вид правни науки е што проучуваат точно одредена и конкретна материја, а не она што е заедничко за сите држави
Конкретноправни науки
Како се дефинираат правните науки?
Правните науки претставуваат систем на знаења за државата и правото како две важни и заемно поврзани општествени категории.
Што изучува воведот во правото?
Државата и правото
Наброј вооружени и индивидуални органи
војска, полиција, претседател на држава
Власта во Македонија се дели на .....
законодавна, извршна и судска
Што се вооружени органи?
Вооружените органи се оние што располагаат со средства за физичка принуда и определен број вооружени луѓе.
Што е државјанство?
правна врска меѓу човекот и државата
__________ ги изучуваат државата и правото општо, апстрактно, што значи ги изучуваат најопштите поими, содржини и карактеристики што постојат и што се заеднички за сите држави и права
Општововедни правни науки
Што се позитивно правни науки?
ги изучуваат денес постојната држава и право, односно какви се денес државата и правото. Станува збор за држава што постои и право што се применува
Каква наука е правото?
општествена
Што е релативно мнозинство?
Релативно мнозинство - треба да гласале најмалку половина + 1 од присутните членови на колективното тело.
Како се делат науките?
природни и општествени
Како се дели територијата?
копнена, водена и воздушна?
Како се нарекуваат лицата без државјанство?
апатриди
Што е територија?
Просторот на кој државата ја врши својата власт и ни покажува до каде се простира јавната власт на една држава и од каде почнува да дејствува друга
Полипатриди се лица.....
со две државјанства
Наброј ги белезите на државата
територија, население и јавна власт
Your experience on this site will be improved by allowing cookies.